Американски бомбардер Б-1 Лансер од воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота се урна за време на тренинг лет, а сите четворица членови на екипажот се катапултираа, соопшти военото воздухопловство на САД.

Авионот се урнал вчера околу 17:50 часот по локално време, а четворица членови на екипажот безбедно се катапултирале.

Американската агенција наведува дека во моментот на несреќата видливоста била слаба со ниски температури и ниска облачност.

Б-1 е конвенционален суперсоничен бомбардер кој првпат стапил во употреба во 1980-тите.

Се користи за поддршка на американски бомбардери во азиско-пацифичкиот регион и во американските операции во Авганистан и не носи нуклеарно оружје.

фото: МИА архива