Се чини дека сме на пат да го архивираме, медиумски речиси непознатиот случај со новинарот истражувач, Бехир Рабани, кој се инфилтрирал во т.н. „левичарски антифа групи“, организации кои се кријат зад „антифашизмот“ и сузбиваат било каков облик на слободно изразување кој е спротивен на агендата на Отворено општество.

Бехир Рабани е пронајден мртов во декември 2017 година, кратко откако почнал да изнесува обвинувања за тајните фондови со кои Џорџ Сорос ги финансира овие организации.

Рабани (33), со палестинско потекло и шведско државјанство, каде и пораснал, бил независен новинар и блогер, широко познат во Шведска со своите истражувања за спрегата на секторот на високи финансии и организации кои делуваат како заговорници на населувањето на што поголем број бегалци во Европа.

Некои негови истражувања предизвикале реакции и напади на глобалистичките кругови и на низа медиуми кои јавно го обвиниле за „заговор“. Тој објавил и видео во кое разоткрива дел од нечистотиите на шведската медиумска елита.

Неговите пријатели за него напишале дека „Бехир бил тврдоглав борец кој се надевал на правда и кој без да се колеба ги бранел сите тие кои не можеле или не се осмелувале да се спротивстват на владеачката елита“.

Бехир Рабани

„Ќе се сеќаваме на Бехир по неговата енергија, неговата движечка сила, но ништо помалку и по неговата работа“, напишале по смртта на шведскиот новинар неговите пријатели од независните медиуми.

Непосредно пред неговата мистериозна смрт, Рабани соопштил дека наскоро ќе открие корупциска шема која Сорос го поврзува со ТВ продуцентот и водител Роберт Ашенберг, мошне познат во Шведска.

Ашенберг неколку дена пред смртта на Рабани рекол дека одбил разговор со него, а преку сопругата му се заканувал на новинарот.

Всушност, Рабани ветил дела ќе објави докази за тајните работи на Сорос и неговите планови за дестабилизација на Европа.

Според зборовите на полицијата, тој е пронајден мртов „под сомнителни околности“. Но, и по половина година од неговата смрт, нема ништо поконкретно од истрагата, ако воопшто ја има.

Logicno.com