Поскапувањето на стоките и услугите во Бугарија продолжи и во првиот месец од летото. Годишната инфлација заклучно со јуни годинава достигна 16,9%, измерена во однос на истиот месец лани. Од почетокот на годината растот на цените е веќе 10,1%, а во однос на претходниот месец е 0,9%, покажуваат официјалните податоци на Националниот статистички институт.
Овој тренд во Бугарија се приближува до инфлацијата од мај 1998 година, кога беше на ниво од 18 отсто
Споредено со мај годинава, потрошувачките цени во Бугарија во јуни пораснале за 0,9 отсто, додека еден месец претходно нивниот раст изнесувал 1,2 отсто.
Кај прехранбените производи, забележливо е дека лебот е меѓу стоките што поскапеа за 4,2%. Најмногу се намалуваат цените на доматите, краставиците, јагодите и црешите.