Седат Пекер, за кого ВМРО-ДПМНЕ обвини дека има лажен пасош и дека го користи друг идентитет преку името Џадин Амедовски., преку неговите адвокати ја демантира таквата информација:

„Иако имаше многу лажни и неосновани вести објавени на различни портали и медиуми, лично за мене, кои ја нарушуваа мојата чест и углед, јас не одговорив на ниту еден. Сепак, во последните 2 дена има извештаи и вести, за лажен пасош со моја слика и туѓ идентитет. Пасошот наводно бил подготвен 5 дена откако јас напуштив Македонија.
Како што секој лаик знае, при добивање и изработка на патна исправа – пасош, се изведува скрининг на очите. Покрај тоа, потребни се потписи и отпечатоци од прсти. Сепак, не е можно да имам пасош бидејќи во тоа време лично јас бев во друга земја. Го немам добиено гореспоменатиот пасош. Ниту сум аплицирал за таков пасош, ниту сум го користел. Сега сум во Африка, работам тука на бизнис проекти, со мојот идентитет и мојата патна исправа’, с евели меѓудругото во демантот.

Но, Зоран Зев денеска кажа дека Седат Пекер, кој се барал за сторен криминал во Турција и бил избркан од Македонија, сепак имал фалсификуван пасош:

„… А дека некој се обидувал да кокетира со некои политички субјекти, во целиот овој период, веројатно да се спаси или да направи политичка тема, ние нема да дозволиме. Господинот кој што го споменавте е еден од тие кои добиле таков пасош. Тој е осомничен за одредени дела во Турција. МВР направи екстрадиција, го избрка од државата. Тој што работел на фалсификат документи, нелегално издавање на пасош, е дел од самата постапка која е процесуирана. Дали се гледале коалициони партнери, луѓе од мојата партија – не може да се знае дали некој работел на нелегални пасоши и слично, па не гледам никаква вина од тоа. Запознаен кои од колегите, партнерите партии, имале средба на негово барање, но апсолутно не може никој да каже дека тие имаат вина поради тоа, бидејќи ако некој побара средба, треба да имаат средба“, изјави Заев.