Седум дена откако се запали модуларната болница, а имаше човечки жртви. Но, за Венко Филипче и Зоран Заев тоа не значи ништо. За нив човечкиот живот не вреди.

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев се криеше до вчера, а Филипче демек поднесе оставка. Од истрагата исто така ни трага, ни глас. Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори, не да молчат. Каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово? Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано? Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо медицински персонал?- прашува опозициската партија.

Кој во име на власта, се додава во соопштението, се заканува по живот на роднините на жртвите кои сведочат за катастрофата во модуларната блница?

-ВМРО-ДПМНЕ го повикува Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати. Доколку тоа не се случи денеска, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на Филипче и Хасани. Заев да заборави на бизнис интересите и да ја ослободи истрагата од влијанија и притисоци и заедно со Филипче и Хасани да си замине и тој, се вели во реакцијата