Лудост е да се организира попис во време кога владее пикот на третиот бран на КОВИД-19.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот кој власта во Македонија го турка по секоја цена и по највисоката – здравјето и животите на граѓаните.

Лудост е да се организира попис кога Македонија има 3.607 починати лица, а истата бројка секој ден изнесува десетици смртни случаи. Лудост е да се организира попис кога бројката на активни случаи изнесува 17.472, а бројката секојдневно на новозаболени е четирицифрена. Лудост е да се организира попис кога вакцини против КОВИД-19 нема, и кога попишувачите не се имунизирани. Очигледно е дека Заев и СДСМ пописот што насилно го туркаат среде епидемија е гаранција за епидемиска бомба која ќе ги чини граѓаните здравје и илјадници загубени животи.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предупредува дека 5.500 попишувачи ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. А, голем број од попишувачите може да бидат асимптоматски, и да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални. Заев и СДСМ ако се подготвени по цена над две илјади изгубени животи да одат на попис, Македонија не е, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, Заев на власт дојде со „бомбите против режимот на Груевски“, а сега в раце има „епидемиска бомба“ од која зависи здравјето и животите на голем број граѓани во земјата во која дојде на власт со паролата „Живот за сите во Македонија“.