Кога пукнаа првите „заевки“ сегашниов премиер Зоран Заев тврдеше дека со набавувачот на „бомбите“ Зоран Верушевски се знаеле само од телевизија.
Денеска, пак, сведокот на СЈО, Зоран Верушевски во судот потврди дека сите „бомби“, со кои се рушеше власта на поранешниот премиер Никола Груевски, биле складирани во арсеналот на штабот на СДСМ и биле целосно на располагање на лидерот на партијата.
Значи не биле „фрлени во двор“ од „совесен граѓанин загрижен за Македонија“, како што тогаш и беше објаснувано на јавноста. Згора на тоа „бомбите“ биле преправани и прилагодувани за поефикасно рушење на легално избраната власт. Тоа се викаше „сечени и лепени“, а дури сега потврдува Верушевски, откако падна Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власт, а Македонија доби придавка.
А фотографијава за спомен и сеќавање на блиското минато, од пред неколку години, што ја објавуваме, доволно говори за срдечноста на луѓе кои се гледаат и „се познаваат само од телевизија“.