Единаесетгодишниот Марко Арсовски е еден од ретките ученици што по знаење мора да пешачи до соседната држава, објави српскиот портал Телеграф пред две години, за единствениот ученик од село во Србија кој учи во Македонија и денес е веќе тинејџер на 13 години.

Во кратката репортажа за малиот Марко тогаш пишуваше: Тој е единствениот ученик од село Старац во општина Бујановец, на границата со Македонија, а до најблиското училиште има 17 километри. Тој е ученик во петто одделение во училиште во село Драгоманце во македонската општина Старо Нагоричане.

– Наставата е на македонски јазик, а имам часови и на српски. И покрај сите тешкотии, постигнувам многу добар успех, вели Марко.

Куќата во која живее момчето е до самата река Пчиња, која ја дели Србија од Македонија, но и маалото на Марко, од остатокот од селото. До патот кој го води до училиштето најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.