Над 21.000 загинати и најмалку 78.124 повредени е новиот биланс на жртви од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија, соопштија денеска локалните власти.
Спасувачите водат битка со времето за да извлечат преживеани од урнатините, а дополнителна опасност претставуваат ниските зимски температури.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, каде живеат околу 13 милиони луѓе.
Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони луѓе од ранливи групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колера во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата. з