Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села, го обвини лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за како што рече, лошата состојба во која се наоѓаат Албанците од Македонија, пишува весникот ЛАЈМ. На прашањето на новинарите во Приштина за изборот на новиот премиер Димитар Ковачевски за шеф на Владата во Скопје, Села рече дека пристапот на македонските премиери кон Албанците зависи од пристапот на Али Ахмети како партнер во владината коалиција.

„Тој штотуку е избран за премиер, но да немате дилема: Пристапот на премиерите, кој и да е тој, зависи од пристапот на Али Ахмети. Со жалење велам дека пристапот на Ахмети беше лош и поради тоа Албанците претрпеа многу последици“, рече тој.