Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пред почетокот на денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Иницијативата на опозицијата за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, изрази оптимизам дека „ќе падне Владата“.

– Граѓаните ќе бидат послободни од притисоците на оваа антидемократска и антиграѓанска власт, изјави Села.

Во Собранието за денеска во 11 часот е закажана седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев