-Нема ниту теоретски можности тоа да се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците, по седницата на Централното собрание на партијата, запрашан за изјавата на Зоран Заев дека има обезедено мнозинство од 65 пратеници.

Инаку, на Собранието тој ја понуди својата оставка како морален чин.

Сепак, тој останува претседател, откако мнозинството во Централното собрание не ја прифати оставката. Собранието одлучи од партијата да ги отстрани претседателите на ограноците од Тетово и Долнени, поради тоа што соработувале со Беса, со што го прекршиле партискиот статут.