Пописот може да биде одложен ако се почувствува тивок бојкот кај дел од македонското население, изјави заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Хилми Селами.

Тој оваа изјава ја даде синоќа во гостувањето во ТВ Алсат во емисијата Патот кон.

– Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини. Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција. Ако не успеете да попишете поради тоа 1.000 или 2.000 лица, пописот не е целосен, изјави Селами.

Според законот за попис на населението, кој вчера беше изгласан во Собранието и треба да се спроведе во април, врзан потпис на резултатите треба да стават и Селами и директорот на заводот Апостол Симовски, кој пак се закани со затвор и до 5 години на тие што ќе го бојкотираат пописот.