Дваесет и четири годишна тетовка пријавила семејно насилство од сопругот што се случило на јавен простор пред угостителски објект. Таа пријавила дека сопругот користел и остар предмет.

– Дваесет и четиригодишна тетовка вчера во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа, во близина на угостителски објект во централното подрачје на Тетово, била физички нападната од нејзиниот 31-годишен сопруг. Според пријавеното, напаѓачот употребил и остар предмет. Набрзо, пријавениот сопруг лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово.

Во истиот период вчера во СВР Тетово имало и пријава за физички напад меѓу соседи.

– Во 18 часот и 40 минути, А.Е.(39) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во дворот на зградата во која живееле на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, неговиот татко Ц.Е.(71), по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од соседот Д.М.(37) од Тетово, информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.