Африканските фудбалски репрезентации креираа апсолутна сензација на Светското првенство годинава, откако девет од вкупно 10 селекции од овој континент обезбедија пласман во нокаут фазата од натпреварувањето.

Со овој подвиг е срушен претходниот рекорд кога во елиминационата рунда од планетарниот шампионат поминуваа најмногу по две африкански репрезентации, што беше случај на првенствата во Бразил 2014 и Катар 2022.

Големиот успех е потврден по возбудливите резултати на последните натпревари од групната фаза. Конго ја надигра селекцијата на Узбекистан со 3:1, додека Алжир подели поени со Австрија одигрувајќи 3:3.

По повеќе од две недели светски фудбал, билет за 1/16 финалето обезбедија Мароко, Јужноафриканската Република, Сенегал, Брегот на Слоновата коска, Гана, Зеленортски Острови, Египет, Конго и Алжир.

Единствена држава од Африка која го заврши учеството на Мундијалот е Тунис.