Ерменскиот репрезентативец Хенрих Мхитарјан директно го раскина договорот со Арсенал и ќе потпише трајно со Рома, тврди „Кориере дело Спорт“.

Информациите доаѓаат неколку часа откако италијанскиот клуб официјално објави дека постигнал прелиминарен договор со лондонскиот тим за продолжување на закупот на играчот за уште 12 месеци. Сепак, излегува дека менаџерот на фудбалерот Мино Рајола успеал да изнуди раскинување на договорот со Арсенал.

Доколку се испостави дека е точно, тогаш излегува дека „топџиите“ се во голема загуба затоа што платија 34 милиони евра за Мхитарјан кога го одведоа од Манчестер Јунајтед во јануари 2018 година.