Бројките само говорат за тоталната одлепеност на власта од реалните случувања. И лани и сега, министри за образование и здравство се Мила Царовска и Венко Филипче.

Досега не слушнавме разумно објаснување, освен празни фрази, за тоа зошто лани децата при овие бројки од левата страна на табелата учеа он лајн, а при неколкукратно полоша состојба годинава, ги изложија на ризик и на десетици и стотици деца и на нивните роднини им го загрозија здравјето. Дополнително, лани немаше вакцини, а оваа година, до последниот пресек од оваа табалерна анализа – 30 септември 2021 година, вакцинирани беа околу 30 отсто од населението.