Американската тенисерка Серена Вилијамс е импресионирана од младата Канаѓанка Бјанка Андреску која веќе има освоено два ВТА турнира.

– Официјално се изјаснувам: Јас сум обожавателка на Бјанка Андреску. Има само 19 години, но не можете тоа да го кажете. Според нејзината игра и односот кон тенисот се чини дека е многу постара, изјави Вилијамс.

На 11 август двете тенисерите се сретнаа во финалето на турнирот во Канада. Андреску победи откако Серена го предаде мечот во вториот сет поради повреда.