Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ рече дека победата на Србија над Црна Гора (2:0) не била лесна како што изгледало и призна дека е задоволен што учествувал при постигнувањето на вториот гол.
– Се чинеше дека е лесно, но тоа не беше слуачј. Дојдовме до пенал во вистински момент. Потоа Црна Гора направи притисок, и ние се потпиравме на контра-нападите и со другиот гол мирно го доведовме мечот до крај, рече Милинковиќ-Савиќ за новинарите по натпреварот.
Играчот од средниот ред на Лацио истакна дека очекувал да го започне мечот од клупата, пред да учествува во постигнувањето на вториот гол, откако ја додаде топката кон Александар Митровиќ, кој го реши дуелот во Подгорица.
– Не е проблем што не играв од почетокот, јас очекував да влезам и помогнав малку при вториот гол. Значајна победа, вели тој.
Токму Милинковиќ-Савиќ беше еден од играчите, кои менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Морињо ги гледаше во живо во Подгорица.
– Јас сум во Лацио, но убаво е да се слушне дека таков тренер дошол да го следи мечот. Дали е разочаран од тоа што бев на клупата? Јас не верувам, можеби гледал некој друг. Читам дека тука е мене да ме гледа, но не тоа мора да значи, заклучи Милинковиќ-Савиќ.
Србија е прва во групата четири од лигата „Ц“ со седум поени, два повеќе од Романија, три од Црна Гора, додека Литванија е без бодови.