Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус повторно е на водечката позиција на табелата, откако синоќа во натпревар од 10.коло ја совлада Џенова со 2:1.

Победничкиот гол за домаќините го постигна Кристијано Роналдо од пенал во петтата минута од судиското надополнување.

Во поразениот тим 68 минути одигра македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

За Јувентус ова беше осма победа по која собра 26 бода, еден повеќе од второпласираниот Интер.

Џенова со осум бода е на 17. место.