Во дербито на 21. коло од италијанската Серија А, Наполи синоќа на домашен терен го победи Јувентус со 2:1. За бранителот на трофејот ова е втор пораз во досегашниот дел од сезоната.
До триумфот „наполитанците“ стигнаа со головите на Пјотр Зиелински во 63. и Лоренцо Инсиње во 86.минута. За гостите од Торино погоди Кристијано Роналдо во 90.минута.
Во победничкиот тим од 81.минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
По овој пораз, Јувентус остана на 51 бод на врвот на табелата и пропушти можност да ја зголеми предноста пред второпласираниот Интер кој има 48 и третопласираниот Лацио со 46 бода.