Тренерот Андреа Пирло имаше успешно деби на тренерското место во Јувентус, „Старата дама“ синоќа на домашен терен во 1. коло од Серија А ја победи Сампдорија со 3:0.

Головите ги постигнаа играчот за врска Дејан Кулушевски, дефанзивецот Леонардо Бонучи и напаѓачот Кристијано Роналдо.

Португалецот постигнува гол 19 сезони по ред. Претходно 35-годишниот Роналдо се запишуваше во листата на стрелците како играч на Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.