Чешка тенисерка Каролина Плишкова зборуваше за чувствата по загубениот меч со нејзината сестра Кристина Плишкова.

– Не сакав да си играм со сестра ми, но мораше да се случи и тоа. На крајот на краиштата, ние  и во иднина може да се сретнеме на теренот една против друга, вклучувајќи и некој Грен слем. Но сега знаеме подобро што да очекуваме една од друга, изјави Каролина.

Кристина ја победи својата сестра близначка со 2-1 во второто коло на ВТА турнирот во Бирмингем (Велика Британија). Мечот траеше еден час и 57 минути.