Севернокорејскиот дипломат Џо Чол-су изјави дека има се помали шанси за нормализација на односите со САД и додаде дека Пјонгјанг очекува од Вашингтон да преземе чекори во тој правец.

-Им дадовме на САД доволно време и до крајот на годината чекаме одговор, некакви резултати. Но, морам да кажам дека прозорецот за шанси секојдневно се повеќе се затвора, рече директорот на одделението за Северна Америка во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесуват британските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокрејскиот лидер Ким Џонг-ун во јуни се согласија повторно да ги почнат разговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што беа прекинати по нивниот неруспешен самит во февруари, во Ханој.