Северна Кореја соопшти дека кон крајот на мај ќе организира церемонија за стопирање и уништување на полигонот за нуклеарно тестирање. Како што јавуваат медиумите, зависно од временските услови, уништувањето на полигонот ќе биде спроведено помеѓу 23 и 25 мај, со цел одржување на ветувањето дека Северна Кореја ќе прекине со нуклеарните тестирања.

Како што наведува агенцијата, планирано е настанот да биде симболичен и драматичен, со што би бил поставен темел за самитот на севернокрејскиот лидер Ким Џонг ун и американскиот претседател Доналд Трамп, што е закажан за 12 јуни во Сингапур.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека сите тунели на полигонот за нуклеарно тестирање ќе бидат уништени со експлозив, а ќе бидат отстранети сите набљудувачки и истражувачки објекти, како и копнените единици.

Северна Кореја планира да покани новинари од САД, Јужна Кореја, Кина, Русија и Велика Британија, со што би биле сведоци на процесот на уништување на нуклеарните полигони.