Северната хемисфера ја очекува уште едно пеколно лето, а веќе сега се измерени некои редордно високи температури. Што се однесува до Балканот, метеоролозите најавуваат пеколно лето со температури слични како лани.

Во јуни годинава е измерен рекордот на нашата планета кога во градот Киријат, Оман, температурата 51 час по ред не паднала под 42 Целзиусови степени.

Минатата недела имаше темепратурни екстреми на дел од северната полутопка пред се заради повеќето стационирани антициклони под кои се пржеа и градовите и природата.

Во Северна Америка огромно количество антициклон покри две третини од континентот, почнувајќи од источниот брег па се до Карпестите планини, па затоа се бележеа и рекорди. Денвер во Колорадо на 28 јуни забележа 40,6 Целзиусови степени, трипати иста измерена температура, но само во овој 21 век. Претходно само еднаш – во 1878 година. На 2 јули Монтреал бележи историски рекорд – измерени се 36,6 Ц, нешто што не било регистрирано 147 години. Со жештините и со влажниот воздух проблеми имаше и Отава.

Ни во Европа не е подобро. Глазгов, Шкотска, го собори својот рекорд со 33,2 Ц, а жештината траеше во градот цели 28 дена, а со температури од 30 Ц се соочуваа и градови во Ирска.

Континентот се вареше и на својот спротивен крај, на Кавказ. Главниот град на Ерменија, Ереван на 2 јули забележа 42 Ц, а Тбилиси, Грузија 40,5. И воопшто деновите од крајот на јуни и почетокот на јули беше забележан со високи температури од Украина до Казахстан.

А, пак пеколот експлодираше во Оман, каде и преку ноќ температурата не паѓаше по 40 Ц. Една од причините е затоа што морето во Персискиот залив се загреало до 32 Ц, а на некои места дури и повеќе.

Така, се прогнозира дека деновиве по искусувањето со циклонските проблеми, Балканот ќе влезе во стабилно и многу топло време.