Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не сака учениците да имаат последици со најавениот штрајк од страна на СОНК.

Тој вели дека периодот е многу важен за образованието.

„Ние ќе продолжиме посветено од понеделник, вторник и среда, и секој ден, но не зависи моментално од Министерството за образование и наука. Има добра волја и од страна на Министерството за финансии, и од економските ресори, но за временскиот рок јас барам разбирање од сите страни. Да се има предвид временскиот рок и најмалку што треба да имаат последици во овој процес се – учениците“, вели Шаќири.