Честитки за успешниот попис по 20 години добивме од хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, соопшти министерката за одбарана Радмила Шекеринка.
– Со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ и одбранбеното аташе Стјепан Домјанчиќ утрово зборувавме за соработката во одбраната меѓу С. Македонија и Хрватска која е постојано активна, и за взаемната поддршка која е недвосмислена. Добивме честитки за успешно спроведениот попис по 20 години, важен за сите политики што Владата ги спроведува за своите граѓани, објави Шекеринска на својот профил на Фејсбук.
Забележливо е дека министерката Шекеринска ја нема во првите редови од изборната кампања на СДСМ за локалните избори, но активна е во „одбрана на успешниот попис“.