Членството во НАТО не не’ направи мрзливи, туку уште поамбициозни, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Први сме во транспарентноста, први изработивме детални процедури за јавни набавки, а сега повторно први го правиме следниот чекор – развиваме софтвер за подобрување на ефикасноста и интегритетот во системот за јавни набавки. Благодарност до амбасадата на Велика Британија и до Центарот за управување со промени кои ја поддржаа оваа реформа. Транспарентни, ефикасни и дигитализирани процеси се рецепт за подобри институции и успешна борба против корупцијата, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.
Шекеринска во повеќе наврати досега промовираше гуми, униформи, спортска облека и друга опрема за Армијата на Република Македонија.