Историја се создава во SHAPE – вака Врховната сојузничка команда во Монс објавува за именувањето на една од тамошните улици по нашиот главен град Скопје. Сојузниците ни укажуваат голема чест!

Ова денеска на Фејсбук го објавува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, повторно потсетувајќи на настанот од пред неколку дена кога една од крстосниците во командата на НАТО е именувана „Скопје“.

Во прилогот Шекеринска објавува и повеќе фотографии од настанот од кои може да се види задоволство на министерката за одбрана на церемонијата од 21 октомври кога во ШАПЕ беше промовирана „скопската улица“.