Изборната машинерија е во целосен погон, а потенциометарот со ветувањата на партиите и политичарите е завртен на максимум, што потврдува и последната објава на вицепремиерката и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска:

– НАТО ни отвора нов пазар од 4 милијарди евра, а ЕУ ни носи финансиски средства во висина од 2,5 милијарди евра но и нивна контрола. Заврши времето кога наменските пари се трошеа без реализација на проектите, сега парите одат директно во инфраструктурата, во институциите или општините. Отчетност за се. Така ќе се развиваме и растеме. Можеме, објави Шекеринска на Фејсбук.

Оваа објава потсетува на познатата „тато носи, мама меси“, само што „родителите“ се НАТО и ЕУ.

(Д.Г.)