Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која неодамна јавноста ја убедуваше дека и дел од борбените авиони на САД биле офарбани со знамето на Македонија во чест на македонската делегација која се качи на еден од носачите на авиони, денеска објави „бенефити од НАТО“, меѓу кои и тоа дека Алијансата 4 пати ги зголемила странските инвестиции во Македонија.
– Бенефити од НАТО: Во овие две години се засили македонската берза, четири пати се зголемени странските инвестиции, имаме пораст и на туристите. Колективната одбрана, сите за еден – еден за сите, која треба допрва да ја вградиме во Законот за одбрана, кој што се гласа со дво-третинско мнозинство, а опозицијата го блокира, е најголемата сила која С. Македонија може да ја добие, објави Шекеринска на Фејсбук.
Инаку, тоа со „македонски бои“ на воените авиони беше лажна вест, а изворот беше министерката за одбрана и од лажни вести. Нејзе, веројатно од неинформираност, симболите на една од летечките единици на воената авијација на САД и заличеле на боите на македонското знаме, па така се рашири лажната вест во објавите на Фејсбук.
(Д.Г.)