Заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали таа ќе биде новиот технички премиер одговори негативно и појасни дека за техничкиот премиер дискусијата ќе се води тогаш кога ќе дојде моментот.
– Апсолутно сметам дека тоа занимавање со прашање кое што е техничко ни го троши времето и енергијата. Фокусот сега мора да ни биде на работи што опозицијата како да сака да ги одолговлечи. Јас спомнав дека НАТО е наша точка на кохезија, меѓутоа членството во НАТО значи и наши обрски што сме ги презеле, значи ратификација на НАТО протоколот, значи измени во законот за одбрана и измени во Законот за служба на армијата. Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да става сопки на тој успех што го издејствувавме, членство во НАТО, истакна Шекеринска.