Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска не ја исклучува можноста за одлагање на парламентарните избори закажани на 12 април идната година.
– Таа опција засега не се дебатира, но не е целосно исклучена, рече Шекеринска во интервјуто за ТВ Алсат во емисијата „360 степени“.
Шекеринска остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори, во зависност од тоа кога Шпанија ќе формира влада за да може да го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО.