На 15 јули изборот е едноставен. Изборот е помеѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина околу Груевски, изјави денеска во Кичево носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ за ИЕ 5, Радмила Шекеринска.

– Изборот е помеѓу рекорден износ на странски инвестиции – и инвеститори од типот на Субрата Рој. Изборот е помеѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити земени за да се финансира стиропор и кич, рече таа.

На 15 јули, како што посочи таа,  граѓаните ќе изберат минималната плата да изнесува 20.000 денари, просечната плата да порасне до  34.000 денари, пензиите да продолжат да растат и ниту една  пензија да не биде пониска од 10 700 денари.

-Граѓаните ќе изгласаат да се зголеми прагот на поврат на ддв – то  од 7200 ден за секој граѓанин на годишно ниво на 9600 денари.На 15 јули граѓаните ќе гласаат и за зголемуваање на субвенциите од 160 милиони на 200 милиони евра за развој на нашето домашно  земјоделие. Градиме 260 километри автопати, 300 км експресни патишта и 950 км локални патишта низ цела држава. 2,5 милијарди евра од европските фондови – ова ќе бидат европски пари кои ќе ни ги донесат европските стандарди дома, рече Шекеринска.

Најави грантови до 15.000 евра за млади и за жени, да отворат сопствени фирми, да создаваат нови работни места и да донесат повеќе пари дома. Повисока социјална помош за 34000 семејства, и детски додаток кој ќе опфати 65.000 деца во цела држава.

-Најавуваме 1 милијарда евра странски инвестиции за следните 4 години.Тие нема веќе да бидат базидани на ниски плати туку на иновации, и одржливост, рече Шекеринска.

Невработеноста, како што истакна,  ќе продолжиме да ја намалуваме за три проценти секоја година се додека таа не добие едноцифрена вредност.

-Ќе покажеме што значи економски патриотизам  на дело и како вистински се сака татковината, реече Шекеринска.