Оваа 2021-ва ќе биде година на интензивна секојдневна обука на Лесниот пешадиски баталјон, дел од НАТО декларираната Лесна пешадиска баталјонска група, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Во касарната во Штип се уверив дека се решителни да се претстават во најдобро светло на оценувањето од НАТО во 2022. Се што вложивме во оваа единица досега, се што ќе вложиме годинава, ќе се оценува во 2022. Создаваме единица која гордо ќе го носи македонското знаме, но и значката на НАТО!- објави Шекеринска на Фејсбук.

Бидејќи во објавата нема назив за која армија станува збор и од која земја, да потсетиме, станува збор за единица од АРМ.