Честитки до Албанија по повод 10 години членство во НАТО, порача министерката за одбрана Радмила Шеќеринска преку својот Фејсбук профил.

– Ми беше чест да учествувам на конференцијата во Тирана „10 години Албанија во НАТО- посигурен регион“, заедно со албанската министерка Ољта Џачка и италијанската колешка Елизабета Трента. Она што го научив од албанското искуство 10 години подоцна е дека НАТО не влијае само на нашата политичка динамика, туку и на динамиката во економијата на земјите, напиша Шеќеринска.