„Јавноста е добро запознаена со повеќегодишниот официјален став на РМ за т.н. двојна формула – уставното име за меѓународната употреба, а друго заемно прифатливо име со кое Грција ќе ни се обраќа. Предлогот на медијаторот содржеше компоненти во кои е содржано уставното име – Република Македонија (Republika Makedonija) во латинична транскрипција како официјилно име. Ставот на Владата е дека тоа е прифатливо решение, бидејќи ги запазува македонските интереси и позиции, а воедно претставува и добра основа за почеток на преговорите со Грција“, напишала Шеќеринска во 2006 година.

Всушност станува збор за нејзина конверзација со студенти од скопскиот Правен факултет кои работеле на проектот „Спорот за името“. Тие се обратиле и до Радмила Шеќеринска, тогашен министер во Владата на РМ. Таа не им дала официјален одговор, ги препратила до Министерството за надворешни рабопти, но од соработник на Шеќеринска со кого имале средба, го добиле меилот со одговорот на Шеќеринска на прашањата кои ги поставиле  (подоцна интегрално обајвен во книгата „Спорот за името“), а кои не им биле испратени. Во тој одговор, содржан е и овој став на Шеќеринска кој всушност е став на Владата на РМ. Значи, двојна формула која подразбира – уставното име за меѓународна употреба, а Грција ќе може да ни се обраќа  под взаемно прифатливо име кое двете држави ќе го договорат. Кратко и јасно. Како што и денеска е кратко и јасно дека истата таа Шеќеринска нема абер од тој став и прифаќа и промена на уставното име.