„Уставното име на нашата држава е последниот столб на државноста“, истакнал Никола Димитров при средба со студентите на Правниот факултет во Скопје, Јустинијан Први“ на 19 април 2006 година.

„Ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се премине линијата на македонското достоинство“, додал тогаш Димитров, очигледно застапувајќи позиција која е тотално различна од таа што денес ја има во преговорите со Грција  и кога, како што шпекулира екс министериот за надворешни равботи Антонио Милошоски, Димитров си гради позиција за работа во ООН.

Средбата се одржала по барање на студентите кои тогаш работеле на проектот „Спорот за името“ за што подоцна е издадена и книга. Проектот го воделе професорите Светомир Шкариќ и Татјана Петрушевска.

Како што е забележано во белешките, средбата со поранешниот амбасадор на РМ во САД и официјалниот преговарач на РМ во разговорите со Грција, била одржана во просториите на Дигиталната библиотека на ООН на факултетот со почеток во 14 часот.

Во забележаното од средбата, меѓудругото, се наведува и дека:

„ Средбата со екс амбасадорот беше иницирана од страна на студентите од правните студии кои работат на проектот „Спорот за името меѓу Македонија и Грција“, а реализирана со поддршка од професорите Светомир Шкариќ и Татјана Петрушевска кои воедно се и раководители на овој студентски проект.

На почетокот Димитров даде кус вовед во суштината на спорот околу името на Република Македонија со Република Грција.

Во ова излагање тој ги запозна студентите со повеќе детали кои дотогаш не и беа познати на пошироката јавност, како на пример:

-дека Метју Нимиц дава по неколку десетици предлози годишно;

-дека тој не добива хонорар за вршењето на функцијата;

-дека македонската страна избегнува да го користи терминот „спор“ зашто не се работи за спор туку за еднострано барање на Грција упатено до Македонија да го промени уставното име, што е преседан во досегашната теорија и практика на меѓународното право итн.“

За натамошниот дел од разговорот, студентите запишале:

„Во овој т.н. неформален дел од разговорите за кој што не се водеше официјален записник, туку заинтересираните студенти самоиницијативно запишуваа свои белешки – можевме да чуеме и некои негови лични ставови во врска со овој проблем, како на пример за тоа дека македонската дипломатија е неуспешна овие години да ја наметне својата вистина пред меѓународната јавност, како и тоа дека уставното име последниот столб на државноста и ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се премине линијата на македонското достоинство и сл.

Во вториот интерекативен дел од средбата на Димитров му беа поставувани рашања од присутните студенти на кои тој се обидуваше да биде колку што е можно поотворен при одговарањето.

Студентската креативност и овој пат се покажа на дело, па присутните му поставија над десетина прашања на гостинот, при тоа опфаќајќи најразлични аспекти на проблемот, на пример:

-за имотот на раселените и протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија;

-за билошоките истражувања на некои странски научни институти околу етногенезата на македонскиот народ;

-за тоа зошто овој виртуетелен спор трае толку долго и ни одзема време и енергија;

-за последниот официјален предлог на Метју Нимиц за решавање на спорот околу името, за евентуалниот притисок на Грција врз Македонија во контекст на нејзините евро-атлантски интеграции и слично.

Но, за разлика од првиот дел каде гостите можеа да чујат и некои неформални изјави, ставови и размисли на нашиот гостин во овој т.н. официјален дел од разговорот за кој се водеше посебен записник од страна на студентката која беше одговорна за тоа, забележлива беше одредена крутост и дипломатска стегнатост при давањето одговори кои најчесто беа кратки и мошне скудни со податоци. Имено, присутна беше тенденција да се даде правно толкување и образложение на спорот за кој претходно беше потенцирано дека е цивилизациски, а не правен феномен“, останало запишано во белешките од таа средба.

Како што останало и сведоштвото дека ставот на Димитров е сосема различен од тој што го има денес.