Една е цената на земјоделските производи за време на кампања за избори, а сосема е друга цената откако ветувачите ќе седнат во функционерските фотелји.

На тоа денеска, на социјалните мрежи, ја потсетија вицепремиерката Радмила Шеќеринска со фотографија од средба со овоштари на кои им ветува откуп и гарантирана цена:

– Државата ќе гарантира дека јаболката ќе бидат откупени и платени по гарантирана цена, гласи ветувањето од Шеќеринска во 2016-та година.

Денеска реалноста е сосема друга и може да се види од фотографиите со фрлени неоткупени јаболка во Преспа.