На Зоран Заев како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави порталот Фактор.
Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со кубикажа од 2.000 см3.
Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период.
Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.
На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.
– Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.
Заев како што е познато е голем љубител на моторите и четирициклите. Тој додека беше премиер често пати се појавуваше на мотор, заедно со негови колеги министри од владата, меѓу кои Никола Димитров, Љупчо Николовски и Венко Филипче.