Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени од причина дека обвинетиот Јанакиевски, го искршил коленото.

Јанакиевски во изминативе години многу пати беше притворан и ослободуван и долго време неосуден мина во домашен или затворски притвор. Тој е еден од поранешните политичари врз кој државата „тренира строгост“ и покажала најмногу мускули.