Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево – Гостивар на превој „Стража” денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец беше воведена утрово во 07:00 часот поради обилни врнежи од снег.