Шеста победа во шестиот настап сезонава во Серија А за Интер. Денешна жртва на „нераѕурите“ беше Сампдорија, која ја надиграа со 3:1.

Сенси, Алексис Санчес и Гаљардини беа стрелци на головите за Интер, а Чилеанецот Санчес освен што даде гол, заработи и црвен картон на почетокот на второто полувреме.

Сега за Интер следи пеколна недела и два многу тешки испити за можностите. Најпрвин гостуваат кај Барселона во Лигата на шампионите, а потоа го пречекуваат Јувентус во супердербито на италијанската лига. После шест кола, Интер му бега на Јуве два бода. Од Топ 5 лигите во Европа, само Интер и Ливерпул се со максимален број на бодови во националните првенства, но и двата тима тргнаа лошо во Лигата на шампионите.