Проектот со стационарот за бездомни кучиња во Скопје си врви, а скитниците секој ден напаѓаат по некоја жртва, како што е и вчерашниот ден кога биле искасани жена и момче во Аеродром.

Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.С.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник.

Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Горно Лисиче“ бил каснат од куче скитник.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, одамна го промовира стационарот за улични кучиња, како и ЈП Лајка, но ефектите од тоа се секојдневно нови пријави на нападнати граѓани од кучиња- скитници.