Откако неодамна стигнаа диносаурусите, кои сега се монтираат, вчера во скопската Зоолошка градина стигнаа и пингвини, а градоначалникот Петре Шилегов не пропушти јавно да се пофали и со овој негов проект.

– Ова е живеалиштето на пингвините. Ние го нарековме Мадагаскар. Пингвините од Мадагаскар во Скопје. Скопје, една поинаква приказна… Чекор по чекор, објави Шлегов на Фејсбук.

Шилегов со неговите проекти „чекор по чекор“ прави „нова приказна“, но за жал не е направена ниту една стапка во поглед на „проектите за чист ајро“.

Загадениот воздух во Скопје останува „стара приказна“ и засега ветрот е единствен чистач.

(Д.Г.)