Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека в година скопјани ќе добијат смарт-контејнери кои ќе се отвораат со картичка.

Шилегов, кој беше гостин во ТВ Телма, ја најави оваа новина со цел станарите во стамбените згради да можат да ги отвораат контејнерите за смет, но натрапници да не може да ги узурпираат.

Скопскиот градоначалник, кој беше гостин, во емисијата Топ тема објаснувајќи ги карактеристиките на паметните контејнери рече дека тие нема да се отвораат доколку не се покаже картичката.

Освен тоа паметните контејнери, како што објасни Шилегов, ќе имале и сигнализатор кој на комуналните служби ќе им алармира дека се полни, па да дојдат да ги испразнат.