Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел, објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.
Тој, како што беше вчера објавено, за време на мегаполицискиот час се повлече на својот имот крај Мавровското Езеро и од таму „го реконструира Скопје“ и за време на полицискиот час и верскиот празник Духовден.
– Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска во должина од 850 метри, објави Шилегов.