Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот, објави бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот. Да го зајакнеме домашниот туризам, да летуваме дома, објави Заев на Фејсбук.

Што да се додаде на оваа и инака атрактивна туристичка вест? Сега со „просечна плата од 500 евра и 500 км автопати“ лесно се развива и домашен туризам. Станува збор за „просечната и автопатите“ што Заев ги вети пред да дојде со СДСМ на власт.

(Д.Г.)