Најгушканиот ГТЦ во Скопје, откако ја доби „историската“ автобуска постојка деновиве стана и магичен, барем за градоначалникот Петре Шилегов.

– Илјадници новогодишни светилки деновиве го украсија зелениот покрив на Градски трговски центар – Скопје и ја донесоа новогодишната магија и во ова ново омилено место на скопјани. Посетете го зелениот, а сега веќе украсен покрив на ГТЦ и направете ги најубавите празнични фотографии. Ова место има посебен дух, посебна предновогодишна атмосфера и топлина што го прави неизоставен дел од скопската поинаква приказна, ве кани градоначалникот Шилегов.

Како што е познато од минатото, во текот на тн. шарена револуција гушканиот ГТЦ, во повеќе наврати, стана најгушкан објект во Скопје, Македонија, а можеби и во светов. Кога Шилегов седна во градоначалничката фотелја ГТЦ доби и старо-нова автобуска постојка, која беше помпезно прославена со диџеј и прослава, а сега ГТЦ стана и „магичен“.

Патем, треба да се спомене, дека под „магичниот покрив“ на ГТЦ сега има многу празни дуќани, кои се продаваат или издаваат.

(Д.Г.)